Метју Борхес (18), тинејџер од Масачусетс кој пред три години го уби својот пријател, исто така тинејџер, доби доживотна затворска казна”, според „Си-ен-ен“.
Телото на несреќниот Ли Мануел Вилорија-Полина беше откриено на бреговите на реката Меримак во декември 2016 година, а пронајденото тело немаше раце и глава.
Судијката Хелен Казањиан изрече две доживотни казни за Метју Борхес од Лоренс. Пресудата беше донесена за помалку од два месеци откако Метју беше прогласен за виновен за убиство од прв степен. За време на судењето, обвинителството откри дека убиството е извршено поради љубомора.