Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин “ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.
Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот.