Легендарниот Марио Кемпес застана на во одбрана на својот сонардоник Лионел Меси кој не штедеше зборови за целата организаци и сите случувања на 46. издание на Копа Америка на кое триумфираше домаќиот Бразил.
Меси беше незадоволен од судењето на полуфиналната пресметка со „кариоките“ на која според него тие не добиле неколку пенали за да во следниот дуел во битката за третото место (против Чиле) добие директен црвен карто по еден дуел, туркање со Гери Медел.
Ова дополнително го испровоцира фудбалерот на Барселона кој обвнини за корупција, измама, како и тоа дека се се прави за да Бразил го освои турнирот. Тоа на крај се случи, па многу бразилски играчи како и селекторот Тите го подбраа Аргентинецот, но сега во јавноста се огласи Кемпес кој директно застана зад Меси и против КОНМЕБОЛ.
-Господа од КОНМЕБОЛ, решивте да потрошите пари за работи што немаат никаква врска со фудбалот. Некои платија, некои пак чудесно се спасија. И сега тие сакаат да се посветат на санкционирање на оние кои навистина го бранат фудбалот. Каде се демократијата и слободата на изразување? Особено кога ја кажувате големата вистина, -порача Кемпес кој со Аргентина стана светки шампион во 1978 година, а во Европа остави најголема трага играјќи за Валенсија.