Симона Халеп и Серена Вилијамс ќе водат битка за титулата на третиот грен слем во оваа календарска година-Вимблдон. Ова е епилогот од денешните полуфинални пресметки во кои Романката и Американката го оправдаа статусот на фаворити и со идентични победи од под 2-0 обезбеди билет за саботното финале на турнирот во Лондон.
Халеп дојде до првото финале на Вимблдон со победа над Елена Свитолина од 6-1, 6-3, додека пак Серена ја реши Барбора Струцова со 6-1, 6-2 за неполн час со што стана најстар финалист во Опен ерата надминивајќи го досегашниот рекорд на Мартина Навратилова.
Ако Вилијамс слави во финалето ќе дојде до осмиот пехар на неофицијалното светско првенство во тенис или поточно тоа ќе значи 24 грен слен триумф со што ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.