Уапсенo момчето што се качи на портата на Бакингамската палата

Лондонската полиција го уапси момчето што се качи на предната порта на Бакингамската палата, додека кралицата Елизабета Втора била во резиденцијата.

Дваесет и двегодишното  момче беше уапсено утринава од специјалните сили на кралската полиција, објави АП.

Бакингамската палата не сакаше да открие дали кралицата била информирана за инцидентот.

Полицијата соопшти дека момчето не носело оружје и сметаат дека инцидентот не е поврзан со екстремистичка закана.

Осомничениот е во полициски притвор. Сè уште не е обвинет ниту идентификуван.

Треба да знаете
Последни објави