Анкета на „Макфакс“: ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт за една година со Христијан Мицкоски

о онлајн анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето: „Кога и како ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт?“, најголем дел од учесниците – 42,4 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт за една година со Христијан Мицкоски.

24,3 отсто одговориле „никогаш“,  18, 3 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт кога ќе се откажат од Никола Груевски и неговата екипа, 11 отсто одговориле кога Христијан Мицкоски нема да е претседател на партијата, а 4 отсто од учесниците во анкетата одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт за пет години.

На анкетата одговор дале 6. 490 читатели, од кои 82,3% од Македонија, од Германија 3,6%, од Швајцарија 1,6% и од Грција 1,3%.

Анкетата беше спроведена на 13 веб-страници. Стартуваше на 11 јули и траеше 24 часа.

Од анкетираните, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 25 до 34 години.

Треба да знаете
Последни објави