Кинеската полиција уапси 19 лица, меѓу кои и четворица британски државјани, поради обвиненија за дрога во провинцијата Џиангсу, објави британската амбасада во Пекинг.
Меѓу уапсените се 16 странци, седум наставници и девет студенти кои беа притворени минатата недела откако беа позитивни на тестовите за употреба на дрога.
Државјанството на други уапсени странци не е објавено, објави АП.
Полицијата не прецизираше за каков вид дрога се работи, додава Би-би-си.