Најмалку 12 луѓе загинаа при нападот на исламистичката група Ал Шабаб врз хотел во сомалискиот град Кисмај, соопшти сомалиската полиција.
Нападот е изведен врз еден хотел за време на состанок на сомалиските регионални претставници, кои дискутираа за претстојните локални избори.
По активирањето на автомобилот бомба уследила престрелка, која според сомалиската полиција траела час и половина.
Ал Шабаб соопшти дека негови припадници по бомбашкиот напад успеале да го заземат хотелот. Портпаролот на терористичката група изјави дека во хотелот има голем број загинати луѓе, меѓу кои и еден белец.