Постара државјанка на Белгија паднала по стрмнен селски пат северно од Котор, а акцијата за нејзино спасување траела пет часа, пренесе „Танјуг“.
Шестмина спасувачи, откако пристигнале до непристапниот терен, ја забележале жената и се спушиле кон неа, објави РТЦГ.
Таа била повредена и исцрпена, а спасувачите носејќи ја на носилка по стрмен и тесен пат долг шест километри ја спуштaле до Котор.
Уморни и исцрпени, спасувачите побарале помош од колегите од единицата кои по два часа пристигнале до нив и им помогнале да ја спроведат повредената жена до Котор.