Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји денеска изјави дека САД не треба да си „играат со оган” во врска со Тајван, откако Вашингтон најави дека планира да им продаде оружје вредно 2,2 милијарди долари.
Американскиот Стејт департмент на почетокот на оваа недела му одобри на Пентагон продажба на оруже на Тајван – тенкови „М1А2& Абрамс, ракети „Стингер” и придружна опрема.
Ванг за време на официјалната посета на Унгарија рече дека неговата земја е „сериозно загрижена” во врска со планираната посета на тајванската претседателка Цаи Ин Вен на Њујорк.
Тој рече дека Кина бара од САД да се придржува на принципот „една Кина” и да не дозволи престој на тајванската претседателка во Њујорк и Вашингтон да прекине со каква било официјална размена со овој остров, кој Кина го смета за свој.