Утрово околу 8:30 часот, до капачи на плажа на островот Вир се приближила ајкула.
Како што јави фејсбук-страница Cro2go, ајкулата ја снимило семејство од Загреб, кое било на одмор.
https://www.facebook.com/cro2go/videos/917211692013518/?t=0
„Наводно цело време кружела околу плажата. Не знаеме дали е замината. Имаше и други луѓе кои снимаа, некои дури и отидоа со кајче за да видат за што станува збор. Наводно се работи за ајкула која не напаѓа луѓе“, раскажале луѓето за блиската средба со ајкулата, а пренесе порталот „Индекс“.
ХРТ јави дека ајкулата дури и влегла во оградената област наменета за пливачите.
По неуспешниот обид повторно да излезе на отворено море, ајкулата ја насочиле двајца капачи.