Заев се што ветуваше во предизборието е лага. Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните секојдневно се повеќе осиромашуваат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.
Со СДСМ на власт наместо платите на граѓаните да растат, растат трошоците за живот, долгот, корупцијата, криминалот и даноците.
Реалните бројки покажуваат дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, реализација на капиталните инвестиции за само 5 месеци изнесува 13,74 проценти, над 70 проценти од граѓаните земаат плата помала од просечната, а над 70 до 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државата.
Неспособноста и негрижата на Заев ја чувствуваат граѓаните на Република Македонија.
СДСМ наместо живот донесе беда и сиромаштија на граѓаните. На граѓаните на Република Македонија им се потребни промени, а тие ќе се случат по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.