ЛГБТ саем за вработување, кој првпат се организира во Индија, денеска привлече повеќе од 250.000 луѓе во потрага за вработување во компании, меѓу кои „Интел”, „Голдман Сакс” и „Убер”.
Настанот во Бенгалор, во јужниот дел на Индија, беше организиран откако Врховниот суд на Индија во 2018 година го отфрли законот со кој се забранува хомосексуалноста и сега компаниите можат слободно да вработуваат луѓе кои со години биле маргинализирани.
– Пресудата од 2018 година и помогна на ЛГБТ заедницата и сега ги повикува компаниите да бидат повеќе инклузивни, изјави Шрини Рамасвами, коосновач на консултантскиот Круг на гордоста со седиште во Бенгалор, кој го организираше Саемот за вработување.
Тој рече дека сега тие компании нема да имаат изговор дека тоа е противзаконско.
– Ако не сте инклузивни, индиректно значи дека сте хомофобични, истакна Рамасвами.
На саемот учествуваа компаниите ПејПал, ЈП Морган, Дојче банк и Американ експрес, а беа понудени повеќе од 250 работни места.