Грција ќе го следи примерот на Европската унија и ќе го признае лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо, објави во петокот грчкото Министерство за надворешни работи, откако новата конзервативна влада ја презеде власта.
„Владата на Република Грција срдечно ги поддржува напорите на ЕУ … насочени кон постигнување мирно, демократско решение за кризата во полза на венецуелскиот народ“, рече министерството.
Претходната левичарска влада на Грција се воздржа од признавањето на Гваидо, кој во јануари самиот се прогласи за преседател на Венецуела до одржувањето на нови избори.
Повеќето светски сили веруваат дека реизборот на претседателот Николас Мадуро минатата година, е наместен.