Тропската бура која се формира над Мексиканскиот Залив би можела да прерасне во ураган и да го погоди Њу Орлеанс кој е веќе поплавен.
Метеоролозите велат дека бурата би можела да премине во ураган до крајот на денот, а просечната брзина на ветрот е околу 55 киломери на час.
Според прогнозите, денеска и утре во западниот дел на Тексас и во Луизијана се очекува да наврнат меѓу 25 и 30 сантиметри дожд.
Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен „Бери”, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи. Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.
Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.
Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани.