Бруклин Бекам (20) почна да стажира кај легендарниот британски фотограф Ранкин (53), а според зборовите на неговите колеги, тој не се снашол добро.
Синот на модната дизајнерка Викторија (45) и поранешниот репрезентативец Дејвид Бекам (44) веќе издаде книга со негови фотографии и сними различни кампањи, но ги шокираше своите колеги со незнаење и недостаток на основни вештини.
„Секој знаеше дека Бруклин треба да работи на својот трудвите дела, но никој не очекуваше дека нема поим за основите. Очекувањата од него беа големи, но тој не нè импресионира многу. Во многу нешта му недостига знаење, ама тоа се обидува да го надомести со својот ентузијазам“, изјави изворот за „Сан“.
Ранкин првин бил импресиониран од фотографијата на Дејвид Атенбороу што Бруклин ја снимил во Африка, и го поканил кај него на пракса. Сепак, неговите колеги велат дека не се снашол многу и дека морале да го третираат како комплетен почетник.
Бруклин, во 2017 година, се запиша на студии по фотографија во Њујорк. Но по една година, тој се откажа од школувањето со оправдување дека многу му недостасува семејството кое живее во Велика Британија.