Тајландскиот суд го осуди на смрт 24-годишниот Ронакорна Ромруена, поради силување и убиство на млада германска туристка на популарно островско одморалиште на Тајланд, пренесе „Вашингтон Тајмс“.
Полицијата го уапсила Ромруена во април оваа година, откако на островот го пронашле телото на девојката, сокриено под камења и лисја.
Ромруена признал дека ја силувал 26-годишната Германка, Мириам Белте и дека ја убил така што ја удрил со камен во главата. Тој е осуден на смрт поради силување, убиство, прикривање на убиство и возење под дејство на метамфетамин.
За време на четири часовното испрашување, Ронанкорна рекол дека по убиството дошол дома, гледал телевизија, пушел цигара и пиел пиво, јавува „Мирор“.
Кох Си Чанг е популарно туристичко место, во кое живеат околу 5000 жители. Островот се наоѓа во покраината Чонбури на околу 65 километри јужно од Банкок.
https://youtu.be/0q7R-5J15-Q