Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Република Финска за Република Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.
Министерот Димитров му посака срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата на амбасадоротЛахдевирта, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на неговиот мандат. Министерот Димитров го поздрави почетокот на финскотопретседавање со Советот на ЕУ и се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Финска за нашите евро-интегративни аспирации. Во таа насока го информираше соговорникот за демократскиот пресврт на Северна Македонија, подвлекувајќи дека нашиот успех, јасно отсликан во Извештајот на Комисијата, треба да биде потврден и зацврстен со позитивна одлука во октомври. Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ. Тој ја повтори поддршката на финската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскор заслужен напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја.