Тимот од НБА, Оклахома Сити го смени бекот Расел Вестбрук со Крис Пол во договор со Хјустон од кој го доби и правото на противникот за избор во првиот круг на Драфтот во 2024 и 2026 година, како и можност да користи уште два избори во 2021 и 2025 година.
Во Хјустон, 30-годишниот Вестбрук ќе биде повторно соиграч со Џејмс Харден со кого играа заедно во Оклахома Сити во периодот 2009-2012 година, а во последната сезона стигнаа до финалето во НБА.
Триесет и четири-годишниот Пол се враќа во Оклахома, каде ја започна својата кариера во 2005 година и одигра две сезони таму.
Најдобриот реализатор во Лигата во последната кампања, Вестбрук запиша просечно „трипл-дабл” за трета сезона по ред во 2018/2019, која ја заврши со 22.9 поени, 11.1 скока и 10.7 асистенции во 73 натпревари. Договорот му е за четири години во вредност од 171.2 милиони долари, вклучувајќи и опција за откупување од играчот за 47.1 милиони долари за сезоната 2022/2023.
Деветкратниот учесник во Натпреварот на ѕвездите, Пол постигнуваше просечно 15,6 поени, 8,2 асистенции, 4,6 скока и 2,0 украдени топки во 58 натпревари минатата сезона. Договорот му е за три години во вредност од 124.1 милиони долари со опција за откупување за 44.2 милиони долари во сезоната 2021/2022.