Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=7
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде 14/29 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.