Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од Вимблдон, откако успеа да го совлада упорниот Шпанец Роберто Баутиста Агут со 6:2/4:6/6:3/6:2 во меч одбележан со неговата лутина откако навивачите на „Централниот терен“ очигледно се ставија на страната на Шпанецот.
Противникот за финалето Ѓоковиќ ќе го дознае по полуфиналето помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата ќе игра финале на Вимблдон, a досега го освојуваше четири пати (2011 година, 2014 година, 2015 година и 2018 година).