На Интернет се појави снимка од вчерашната страшна несреќа на наплатната рампа „Света Хелена“ недалеку од Загреб, во која тешко повредени се три лица.
На објавената снимка се гледа како „БМВ“ удира во „Шкода“ без кочење, во која биле семејство, двајца родители и дете. Како што пишуваат медиумите во регионот, двајцата родители и детето се во кома.