Гибралтарската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца помошници офицери од иранскиот танкер „Грејс 1″, кој беше запленет минатата недела поради сомневање дека ги крши европските санкции пренесувајќи нафта во Сирија.
Капетанот на бродот и главниот офицер беа уапсени вчера.
– Сите четворица се од индиска националност и добија целосна правна помош, се наведува во соопштението на гибралтарската полиција.