Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Кимо Лахдевирта

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седишte во Белград, Кимо Лахдевирта, на церемонијата на предавање на акредитивните писма.

Имам исклучително задоволство и чест да ги примам акредитивите од Неговата Екселенција, претседателот Саули Нинисто, со кои Вие сте именуван за нов амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија. Дозволете ми срдечно да Ве поздравам и да Ви посакам искрено добредојде во нашата земја и да Ви посакам успешно извршување на оваа мошне одговорна функција. Високо го цениме Вашето богато дипломатско искуство и сметаме дека ќе претставува значаен придонес во збогатувањето на нашите пријателски односи. Ве уверувам дека во вршењето на Вашите дипломатски должности ќе ја уживате нашата целосна соработка и помош- рече Пендаровски.

Кимо Лахдевирта вели дека му претставува голема чест и задоволство што го примилПендаровски  да ги предаде акредитивите како новт амбасадор на Финска во Република Северна Македонија.

На почеток, би сакал да Ве уверам во мојата посветеност да ја продолжам работата на моите претходници за понатамошно продлабочување и проширување на соработката помеѓу нашите две земји. Јас ја посетив Вашата земја во средината на деведесеттите во период кога еден фински генерал беше командант на мировната операција на ОН овде. Импресиониран сум колку многу успеа да постигне Вашата земја оттогаш, на домашен и меѓународен план. Второ, Финска е сега претседавач со Претседателството на Советот на Европската Унија и во таа насока Ве уверувам дека ќе бидеме искрени посредници и ќе направиме се што е во нашата моќ да постигнеме конкретни резултати за време на нашето претседателство- вели Кимо Лахдевирта.

Треба да знаете
Последни објави