Истражувачи од Нов Зеланд го претставиле првото детално гледиште за молекуларниот механизам кој на некои видови риби им овозможува да го променат полот.
Припадници на околу 500 видови риби можат да го сменат полот кога ќе пораснат и кога околностите го бараат тоа од нив.
Во истражување на еден вид тропски риби, чии женки можат да станат мажјаци, откриена е промена на плот, која најверојатно е поттикната од стрес.
Тие наведуваат дека стресот влијае на тоа да се „исклучат“ првобитните женски гени на рибите, а да се „вклучат“ гени на нов, машки пол.
Процесот бара потполно „репрограмирање на генетските информации“ на рибите.
Истражувачите наведуваат дека промената на полот се одвива брзо: женката го менува однесувањето за само неколку минути и трае неколку часа, а за 8 до 10 дена целосно станува мажјак.