Ветеранот Роџер Федерер(37) покажа дека годините за него се само бројка. Во денешното полуфинале, тој одигра во висока форма и го доби дуелот со Рафаел Надал (3:1) за да обезбеди место во неделното финале.
Во текот на првиот сет, кој го доби по тај-брејкот, швајцарскиот ас испиша нов рекорд на Грен слем турнирот на трева. Тој го постигна 1389 ас поен и го надмина рекордот на хрватскиот тенисер кој имаше еден помалку во 64 одиграни натпревари во Лондон.
Рекордот на легендарниот Горан Иванишевиќ по бројот на асови на Вимблдон замина во историјата. Нов лидер е тенисерот од Базел кој по 21-ви пат учествува на турнирот на кој има остварено 101 победа.
Иванишевиќ, сепак, останува рекордер според бројот на ас сервиси на еден турнир-212 во 2001 година