СДСМ со соопштение за јавност реагира на прес конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски поради нерасчистените разбојништва.
„На денешната прес конференција во белиот дворец, во симболот на криминалот и корупцијата, беа изнесени информации за наводно учество на возило „џип” со ЦОЛ таблички во еден од случаите за кои истрага води МВР.
Од каде се овие информации на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали на очајната ВМРО-ДПМНЕ толку многу и смета работата на МВР и борбата со криминалот што не бира начин да им наштети на истрагите кои се во тек?
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да помири со фактот дека нема веќе ВМРО-МВРО, нема злоупотреба на полицијата и нејзино ставање во функција на одбрана на криминалот на режимот, како што 11 години делуваше оваа институција.
Денеска МВР работи професионално, отчетно, согласно законските надлежности и во интерес на граѓаните.
Ефикасноста на МВР ја потврдуваат и официјалните, јавно објавени податоци, каде што се гледа дека бројот на тешки кражби и разбојништва во 2018 година е помал во споредба со 2017 година, а се намалува и криминалитетот воопшто.
МВР и надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и истражувањата на јавното мислење, две третини од граѓание се чувствуваат безбедно и сигурно.
ВМРО ДПМНЕ да престане да брани криминал и да ги остави институциите да работат.“