Никол Кидман (52), ѕвезда од серијата „Big Little Lies“, на „Инстаграм“ сподели фотографија на која ужива во друштво на кученце. Таа се мази со малата пудлица на која не ѝ го откри името. Никол вели дека конечно го добила своето прво кученце и дека е пресреќна поради тоа.
„Моето прво кутре. Всушност, моето прво куче. Ова е она што го чекав целиот мој живот“, напиша таа покрај фотографијата.
Актерката го приклучи кутрето во разновидното животинско семејство кое се состои од алпака, зајаци и риби сијамски борци.