Прв трофеј за Халеп на Вимблдон, Серена „збришана“ за 53 минути

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон. Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) и за 53 минути ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД.

Фактот дека од досегашните десет меѓусебни дуели имаше само една победа над Американката беше само мотив повеќе за романската тенисерка, која со извонреден настап ја растури Серена, за која ова беше трет пораз во низа на финалињата од гранслем турнирите.

Мечот почна онака како што Халеп само можеше да посака, не само што Романката веднаш стигна до брејк, туку и поведе со 4-0 во сетови. Вилијамс само за момент се консолидираше, но Халеп го доби првиот сет со 6-2. Вториот донесе понеизвесен почеток, но потоа при 2-2 романската тенисерка повторно освои два брејка во низа и го освои пехарот со убедливи 6-2, 6-2. Како пресудни се покажаа неизнудените грешки, Халеп за двата сета имаше само три, наспроти 26 на Серена Вилијамс.

За Халеп ова е прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите, a Aмериканката остана на 23 освоени Грен слем титулии не успеа да го надмине рекордот на Маргарет Корт.

Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.

Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави