За брзо возење казнети 55 возачи вчера во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12.07.2019 година (петок) во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 55 мерки против нив, а откриени се и 22 останати прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози  и 13 мандатни платни налози.

 

Треба да знаете
Последни објави