Украинската полиција го истражува нападот со граната врз зградата на телевизијата „112 Украина“ во Киев, што се случил за време на ноќта.
Како што соопшти полицијата, во нападот кој се смета за терористички акт, никој не е повреден, а непознатите сторители целеле врз логото на зградата.
Според наводите кои ги пренесе „Раша тудеј“, се претпоставува дека нападот го извршиле двајца мажи, кои на лице место пристигнале со автомобилите, ја испукале гранатата и побегнале.
„РТ“ пренесе дека телевизијата „112 Украина“ е поврзана за проруската Опозициска платформа за живот.
Ден пред нападот, телевизијата најави дека ќе го прикажува документарниот филм на режисерот Оливер Стоун, „Откривање на Украина“, што содржи ексклузивно интервју со рускиот претседател, Владимир Путин.
Државниот обвинител на Украина се заканил на телевизијата со кривична истрага поради прикажувањето на филмот.