Четири илјади специјалци на српската полиција и армија ќе се грижат за безбедноста на францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговиот престој во Белград следната недела.
Мерките за безбедност ќе бидат на највисоко ниво.
Покрај тоа, неколку десетици припадници на францускита безбедносни служби веќе пристигнаа во Белград каде што ги координираат деталите со членовите на српското МВР.
Како што дознава “Блиц”, Макрон доаѓа во понеделник попладне, а со него нема да биде сопругата Бриџит. За неговиот дводневен престој ќесе гриѓат стотина француски специјалци, меѓу кои и припадници на елитната воена формација, Легија на странци.