Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју за ТВ Алсат М, посочи дека ова што во моментот се случува во Република Македонија ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава, додавајќи дека е потребно формирање на техничка влада од 100 дена и распишување на предвремени парламентарни избори.
Ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава. Јас го разбирам тој дел и затоа велам се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.
Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека тој поддржува секогаш мирни протести каде што граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе морат да го искажат револтот за катастрофалните политики на владата на Заев и неговите соработници.
Таман работа. Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, изјави Мицкоски.