Трагедија во Лесковац: Стршлен усмрти жена додека собирала алишта на терасата

Жена од Лесковац починала по убод од стршлен, вчер во населбата Славко Злановиќ.

Според медиумите, Санела К. (36) ги собирала алиштата кои се сушеле на терасата од семејната куќа, кога ја усмртил инсектот.

Соседите рекле дека трагедијата се случила околу 14.30 часот, а стршленот најверојатно бил скриен меѓу алиштата па вознемирен ја нападнал несреќната жена.

-Поминував низ улицата кога слушнав два до три врисоци и ништо повеќе, рекол еден од соседите.

Санела жиеела со своето малолетно дете и родителите.

 

Треба да знаете
Последни објави