Полицијата во Србија го уапси Н.П.(44) од Велико Градиште поради закани кои му ги упатил на претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, преку социјалната мрежа ,,Фејсбук”.
Покрај кривичната пријава, тој ќе биде приведен во Специјалното одделение за високотехнолошки криминал во Вишото јавно обвинителство во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Тој е осомничен за кривично дело загрозување на безбедноста.Осомничениот бил уапсен од страна на припадници на Одделот за борба против високотехнолошки криминал и Полициската управа во Пожаревац.