Џејсон Стејтам заработувал за живот правејќи ѓердани на улица

Британскиот актер Џејсон Стејтам (51) неодамна имаше интервју за „Дејли стар” во кое отрива дека е изненаден што опстанал толку долго во Холивуд.

Иако наскоро се навршуваат 20 години од неговата кариера, Џејсон себеси не се смета за вистински актер.

„Всушност, јас не сум вистински актер, јас некогаш изработував накит на улица. Со години бев спортист и не сум филмска ѕвезда што може да се трансформира во различни улоги. Во сето тоа влегов бидејќи бев на вистинското место во вистинско време“, рече Стејтам.

Пред холивудската слава британскиот актер заработувал статирајќи во музички видеоспотови. Сега е светски познат актер, и е речиси девет години во врска со својата свршеница, модел и супермодел Роузи Хантингтон-Витли (32). Двојката има двегодишен син, Џек Оскар.

Треба да знаете
Последни објави