Отворањето на Охридско лето со меѓународната звезда Ванеса Меј понуди многу повеќе од спектакуларно музичко уживање – Ванеса Меј сподели порака за хуманост и против насилство врз животните во Македонија.
Ванеса е веган и борец за нивните права, згрозена од начинот на кој се третираат во целата држава. „Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање и барања до институциите кое го промовираме пред нејзиниот настап, а по завршувањето на концертот и средбата со активистите ова е нејзината порака до јавноста и македонската влада.
Се надеваме дека нејзиниот глас ќе допре и влијае врз власта, институциите и политичарите , врз оние од кои хуманите граѓани и активистите за правата на животните се комплетно изигнорирани, се вели во соопштението на Анима мунди.
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/336015240659254/?t=0