Ел Чека: Орелот има две глави, но едно тело, Села и Касами да се приклучат на протестот на 26-ти јули

Кичевецот Шеќерим Ахмети, кој под псевдонимот Ел Чека објавува „бомби“ на својот Фејсбук профил, ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на протестот кој треба да се организира на 26 јули пред Владата и Собранието.

„Сите оние кои се жртви на комунистичката држава предводена од СДСМ-ДУИ треба да бидат заштитени, нема врска со која партија се или не… Значи, Зијадин Села и Билал Касами треба да се приклучат … орелот има две глави, но едно тело,  тоа е пример за вас и за сите оние кои се чувствуваат себеси Албанци…, вели Ел Чека.

Во друг пост тој ги повикува Касами и Села на секој протест кој ќе го организираат да бидат присутни заедно со нивните членови и да не молчат.

„Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го одржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Ел Чека.

https://www.facebook.com/dan.dervishi.5/posts/462887811203040

https://www.facebook.com/dan.dervishi.5/posts/462840087874479

 

Треба да знаете
Последни објави