Забрането капење на една од плажите во Охрид, фекалии се влеваат во Езерото

Во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, се поставени знаци забpaнето капење. Станува збор за населбата Воска, тоа е првата населба од тврдината кон Струга.

И покрај сите предупредувања, препораки од УНЕСКО и дадени рокови за почетокот на спроведувањето на неопходните мерки, од вчера на една од плажите на Охридското Езеро беше поставен знакот за забрането капење. Отпадните води директно се влеваат во водите од езерото.

Фотографии: Самоил Малчески

Треба да знаете
Последни објави