СДСМ: Арамиите од белиот дворец упорно се противат на повратот на пари кај граѓаните

СДСМ со соопштение за јавност реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на претходно соопштение на владеачката партија, во врска со повратот на паи за граѓаните преку проектот Мој ДДВ. 

„Арамиите од белиот дворец, од ВМРО-ДПМНЕ, упорно се противат на повратот на пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е против мерката за враќање на 15% од ДДВ назад кај граѓаните, против тоа 50 милиони евра годишно да завршат кај народот.
ВМРО-ДПМНЕ е против ефтината тарифа на струјата, против тоа 11 милиони евра годишо да завршат кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена социјална помош од 300%.
ВМРО-ДПМНЕ е против можноста за поврат на персонален данок за земјоделците, против тоа 200 милиони денари да се вратат кај земјоделците.
ВМРО-ДПМНЕ е против намалувањето на ДДВ за парното од 18 на 5%.
ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата, против тоа 90 илјади работници да земаат поголема плата.
Арамиите од ВМРО-ДПМНЕ се против секоја мерка која носи пари кај граѓаните, во секое семејство.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше, грабаше пари од граѓаните.  СДСМ враќа пари назад кај граѓаните.“
Треба да знаете
Последни објави