Три години живеела во куќа со телото на мртвата мајка: Во Тексас полицијата затекна страшна глетка
Жена од Тексас е уапсена откако полицијата откри дека ги држела посмртните останки од својата мајка во куќа во која живее со ќерката.
Полицијата верува дека 71-годишната баба чие тело е пронајдено, се повредила 2016 година кога паднала во куќата.
Исто така се сомневаат дека нејзината 47-годишна ќерка не и прижила помош, па несреќната жена починала во рок од неколку дена од компликации од повредите кои воопшто не биле опасни по живот, пишува Би Би Си.
Коските од починатата жена се најдени на подот од спалната соба. Нејзината ќерка убиец со својата ќерка спиела во другата соба.
Внуката имала помалку од 15 години додека живеела покрај коските на својата баба, па мајката и е обвинета за „повреда на правата на дете помладо од 15 години“. Сега девојчето е предадено на роднини да се грижат за него, а на нејзината мајка и се заканува затворска казна како и парична во висина од 10.000 долари.
Во полицискиот извештај стои дека починатата жена била истакната припадничка на локалната заедница која 35 години работела како секретарка и помошник во наставата во локалното училиште.