Бежовска Mинистер за финасии, Бесими нов Гувернер?

Гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска може да биде назначена за нов министер за финансии, а Фатмир Бесими а дојде на нејзино место во Народна банка, пишува весникот Коха. Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

 

Треба да знаете
Последни објави