ВМРО-ДПМНЕ: Зелената нафта е уште една задоцнета мерка на власта

ги Зелената нафта е уште една задоцнета мерка со која властаманипулира земјоделците и ја лаже јавноста. Мерката како што власта сака да ја спроведе е селективна, неправична и нема реално да им помогне на земјоделците во Република Македонија. Половина од земјоделците нема да ја добијат зелената нафта затоа што власта предвидува само 55.000 картички, а во Република Македонија регистрирани се над 100.000 земјоделци. Тоа дава сомнежи за начинот на избор кој ќе ги добие картичките и отвора прашање дали можеби изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ. Селективноста  и неправичноста оди до таму што цели групи како на пример сточарите никогаш нема да ја добијат зелената нафта, а одредени култури кои трошат повеќе за нафта би добиле иста субвенција со тие кои трошат помалку.

Дополнително власта нема направено темелна анализа за придобивките ниту за прилагодување на условите на земјоделството во државава.

Доколку се направи анализа спрема трошоците пред покачувањето на акцизата и колку потоа се качи цената на горивото и трошоците на земјоделците, може да се забележи дека со оваа минимална мерка воопшто нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години. Ако власта сака навистина да им помогне на земјоделците треба да ја укине акцизата која не само што значеше покачување на нафтата туку доведе до значително зголемени трошоци за граѓаните вклучително и земјоделците во Република Македонија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави