Данската полицијата уапси 28 лица во Копенхаген поради возење електричен тротинет под дејство на алкохол или наркотици.
Во текот на викендот, 24 лица беа уапсени за возење електричен тротинет под дејство на алкохол, додека другите четворица беа приведени бидејќи биле под влијание на наркотици.
Полицијата за апсењата објави на „Твитер“ , бидејќи многумина во главниот град на Данска прибегнуваат кон несигурна употреба на електрични тротинети, објави „Би-би-си“.
Корисниците што возат тротинети под дејство на наркотици или алкохол, мора да платат парична казна од 2.000 дански круни ( 274 евра).