Дирекцијата на хрватската полиција денеска објави дека е отворена посебна телефонска линија за кинеските туристи.
Имено, станува збор за проектот „Безбедна туристичка сезона”, во рамките на кој е воспоставена специјална телефонска линија за потребите на кинеските туристи.
Од Дирекцијата известуваат дека на повиците на кинеските туристи ќе одговорат кинески полициски службеници кои учествуваат во проектот.