Бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, е приведен и донесен на распит во Кривичниот суд во Скопје, каде пристигна и обвинителката Вилма Рускоска, па се чека само да биде донесен и Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој е обвинет дека рекетирал бизнисмен.
Кичеец бил уапсен во скопски ресторан, а Боки на граничниот премин Богородица.
Како што изјавија денеска од ОЈО, двајцата изнудиле 1,5 милион евра од бизнисмен од кога барале 8 милиони за да влијаат преку обвинител во предметот за кој се водела постапка против него.
Првоосомничениот или Боки 13, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека.
Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.
(Фото: Макфакс)