Семејството на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ неодамна прослави двоен јубилеј – Јоле и Бисерка Петровиќ прославија 60 години брак, а нивниот постар син Александар исто толку години од животот. Зборувајќи за трагично загинатиот Дражен, Бисерка Петровиќ ги изненади присутните откривајќи дел од неговиот љубовен живот.
„Јавноста не го зна тоа, но Дражен и Дорис беа кратко време во врска”, рече Бисерка Петровиќ, мислејќи притоа на сплитската пејачка Дорис Драговиќ, пишува Слободна Далмација.
Така, мајката на Дражен, 26 години по неговата смрт, ја откри добро чуваната естрадна тајна. Исто така е познато дека кошаркарскиот виртуоз се забавувал и со Сања Долежал, но врската ја прекинале поради прекумерниот интерес на јавноста и притисокот што следеше.
Дорис во 1989 година го запознала својот сопруг Марио Будимир, капетан на ватерполо клубот Јадран од Сплит. За нејзиниот љубовен живот пред и по бракот со Будимир досега малку се знаеше – се додека не проговори Бисерка.