Над еден тон метамфетамин пронајден во Тајланд

Полицијата во Тајланд соопшти дека во повеќе рации низ земјата е запленет над еден тон кристален метамфетамин.

Полицијата навела дека овој месец се запленети повеќе од 10 милиони таблети метамфетамин. Уапсени се осум лица за трговија на повеќе од пет милиони таблети метамфетамин, 600 килограми кристален метамфетамин, 15,4 килограми хероин и 51 килограм кетамин. Дрогата била пронајдена во петокот во пикап, скриена под корпи за овошје и во домот на дел од уапсените.

Тајландската полиција соопшти дека минатата недела запленила 459 килограми кристален метамфетамин за кој се сомнева дека е од соседен Мјанмар.

Треба да знаете
Последни објави