Италијанскиот метеоролошки портал 3Bmeteo синоќа објави прогноза со која за денеска се предвидуваа силни дождови и бури низ целата земја.
Но, најинтереснa во таа прогноза беше објавата за многу ладен воздух што на високите области ќе донесе снег што е необично за ова време од годината.
Се прогнозираше снег на западниот дел од Алпите, а според фотографиите објавени од фејсбук-страницата Severe Weather Europe, прогнозата се покажа како точна.
Имено, на Матерхорн утрово наврнале 30 сантиметри снег. Покрај тоа, снег наврнал и во северозападниот дел на Италија, во Монте Фраитеве на 2.702 метри надморска височина.