Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вели дека се надева оти властите во Приштина нема да го искористат присуството на францускиот претседател, Емануел Макрон, во Белград за да направат инциденти и проблеми, посочувајќи дека српските служби се информирани за сите потези.
„Тие имаат проблем со северот на Косово, бидејќи мислат дека владеат во другите области, па затоа сакаат дефакто да го завладеат и тој простор“, рече Вучиќ во емисија на Пинк ТВ.
„Кога реков дека ќе можеме да ги снабдиме нашите продавници, успеавме, и еден ден, за 10-15 години, ако не ме убијат и не ме запалат како што најавуваат, и ако моето здравје ми дозволи да дочекам пензионерски денови, ќе ви кажам како“, рече Вучиќ.
Макрон денеска ќе допатува во дводневна посета на Србија.